СДСМ: ВМРО си формираа „свој синдикат“ во Армијата, чекор кон целосна партизација на институциите

Соопштение за јавност:
Независниот синдикат на професионални војници предупреди дека Министерството за одбрана си формирало „свој синдикат“, контролиран, послушен и партиски.
Ова е уште еден класичен пример на методите на Мицкоски и криминална група ВМРО:
Каде и да стигнат, судство, обвинителство, полиција, медиуми, а сега и Армијата тие веднаш формираат паралелни, послушни структури за да ја задушат вистинската независност и да ја стават сè под партиска контрола.
Наместо да ги штити правата на професионалните војници, Министерството за одбрана се занимава со креирање на фантом синдикат, кој ќе биде послушен на власта, а не на интересите на војниците.
Ова не е синдикално организирање. Ова е партизација на Армијата.
СДСМ остро го осудува овој обид за контрола врз војската и повикуваме на целосна независност на синдикатите во Армијата.
Војниците заслужуваат вистинска заштита на своите права, а не партиски синдикати на Мицкоски.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!






