Се искачи бројката на 17 уапсени: Во Прилеп се уапсени малолетници кои сквернавеа албанско знаме
Вкупно 17 лица се уапсени од вчера до денеска за прославата на Денот на албанското знаме во Македонија. За четири лица во Скопје кажа дека се уапсени за сквернавење на македонското знаме.
Четворица малолетници во Скопје се лишани од слобода, двајца поврзани со кривично правен настан кој беше споделен на социјалните мрежи, каде се кине знаме. Истите помагаат на сторителот кој го кине знамето“, рече Тошковски.
Ќе има соодветна кривична постапка согласно закон, по насока на јавен обвинител“, додаде тој.
Три лица се уапсени во Прилеп, каде го сквернават албанското национално знаме.
„Еден од нив е малолетник, двајца се полнолетни лица. Имаше една снимка каде албанското знаме е спружено на земја и се гази со возило, а притоа, има лица кои помагаат“, додаде Тошквоски.
По протесна нота од Српската амбасада, во Куманово е лишено и лицето кое ја кршело таблата на Конзулатот во градот.
„Ова што се случува не е нормално, треба да одговориме соодветно. Институциите, МВР, и те како ќе одговори. За сите буквално“, посочи Тошковвски.