Се огласија родителите на извршителот на масакрот во Сиднеј – на рана возраст откривме проблеми со менталното здравје

Помошникот на полицискиот комесар на Квинсленд, каде што живеат родителите на Џоел Каучи, масовниот убиец од трговскиот центар во Сиднеј, денеска изјави дека Каучи боледувал од шизофренија од рана возраст.

Неговото семејство потврдило дека Каучи не бил во редовен контакт со родителите, но понекогаш ѝ праќал пораки на мајка си да и каже каде бил, објавија австралиските медиуми.

Роџер Лоу рече дека на Каучи му била дијагностицирана ментална болест на 17-годишна возраст и дека неговото ментално здравје дополнително се влошило во последниве години, но тој никогаш претходно не бил во конфликт со законот.

Според помошникот комесар на полицијата во Квинсленд, семејството на Каучи ја контактирало полицијата откако ги видело снимките од фаталниот напад на телевизија и „помагале во сите елементи на истрагата“.

Back to top button
Close