Се омажи поранешната премиерка на Нов Зеланд: пред две години свадбата беше одложена поради пандемијата

Поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, вчера, на приватна церемонија се омажи за својот долгогодишен партнер Кларк Гејфорд.

Ардерн (43) и Гејфорд (47) се верија во мај 2019 година и требаше да се венчаат на почетокот на 2022 година, но церемонијата беше откажана поради пандемијата на корона. Тогап брзатс и решителна акција на премиерката го одржа Нов Зеланд на ниска смртност.

Таа стана глобална икона на левичарската политика и беше премиер од 2017 до јануари минатата година. Ардерн е една од двете жени кои родиле бебе додека биле на јавна функција и ја однеле својата ќерка на состанок на Обединетите нации.

Венчавката се одржа во винаријата Креги Ренџ на источниот брег на Северниот остров, околу 310 километри северно од главниот град Велингтон, изјави нејзиниот портпарол.

Официјалните фотографии го прикажуваат насмеаната Ардерн во бел фустан, додека Гејфорд носеше црн костум. Се венчаа нс церемонија пред околу 50 до 75 гости.

Back to top button
Close