Се реализираат последните активности за „Макфест“

 Општина Штип заедно со организацискиот одбор ги финализира подготовките за „Макфест 2020”. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов денеска беше на Градскиот плоштад „Слобода“, каде што во тек е поставувањето на бината, по што ќе следи и поставувањето на столчињата за публиката.

-Посветено му пристапивме на предизвикот за исполнување на сите безбедносни мерки пропишани во официјалниот протокол, се’ со цел заеднички, дури и во време на светска пандемија да ја одржиме во живот оваа фестивалска традиција на штипјани, вели Миланов.

Билетите се во продажба од денеска на билетарницата во Центар за култура „Ацо Шопов”.

Фестивалот почнува утре со ревијална вечер по повод 35 години, а познати македонски интерпретатори ќе ги исполнуваат своите песни, но и хитовите, а во сабота е фестивалската вечер

Back to top button
Close