Се што треба да знаете за патувањата во странство, за секојa земја посебно

Министерството за надворешни работи изработи детални информации со совети за патување во странство во периодот на епидемијата предизвикана од ковид-19.

Можете да ги проверите сите детали, дали е дозволен влез во конкретната држава, кои се условите за влез, дали е потребен ПЦР тест, дали има задолжителна изолација или карантин? Сите одговори на овие прашања може да ги најдете на веб-страницата на Министерството за надворешни работи, а ги содржи и другите детали за режимот на движење и правила за транзит во други земји, во контекст на пандемијата со коронавирусот.

На пример, Грција има зголемени мерки на претпазливост, а од 1 јули ќе се отворат копнените граници и за влез на граѓаните на Северна Македонија. Од истиот датум ќе бидат отворени и пристигнувањата по воздушен пат, со што ќе бидат дозволени меѓународни летови на сите аеродроми во Грција.

„Се наведува дека врз основа на процена ќе бидат признавани и резултати од молекуларен тест (направен во последните 72 часа пред патувањето). На сите посетители им се препорачува да ја преземат апликацијата Visit Greece app (GDPR compliant) бесплатно пред или по пристигнувањето во Грција“,пишува на веб страницата на МНР

На пример, доколку сакате да патувате во Албанија според податоците од МНР, за влез во оваа земја е олеснето движењето на странските и албанските државјани кои остваруваат влез во државата.

Според последните мерки отворени се границите, не е потребно одобрение за влез, не е потребен ПЦР тест, не е потребен карантин и не е потребна самоизолација.

Доколку пак ве интересира за правилата во Србија треба да знаете дека тамошната влада на 22 мај годинава донесе одлука за укинување на забраната за влез во земјата за сите категории на домашни и странски државјани. Според истата, за влез повеќе не е потребна посебна дозвола/согласност, со што минувањето на границата е вратено на вообичаен режим.

Исто така, наместо мерки на самоизолација и ковид-19 негативен тест, на граничните премини ќе се врачува писмено известување (здравствено предупредување) за придржување кон мерки за спречување на ширење на вирусот.

„Со одлуката се регулира и рокот на важење на дозволите за привремен престој, кој може да се продолжи со поднесување барање до 01.07.2020 година, или во рок од 30 дена од остварениот влез. Исто така, со одлуката е пропишано дека на сите лица на кои им е одредена мерка изолација во домашни услови, истата им се прекинува со денот на стапување во сила на одлуката“, се вели во делот за Србија.

Граѓаните на земји кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ги и граѓаните на Северна Македонија, ќе можат да влезат во Шпанија започнувајќи од 1 јули, без обврска за приложување тест, карантин или самоизолација (освен во случаи на реципроцитет). Во зависност од епидемиолошката состојба на земјата од којашто доаѓаат патниците, како и мерките во сила во односната земја за влез на шпански граѓани, можна е примена на реципрочни здравствено-безбедносни мерки, вклучително и карантин или самоизолација, забрана за влез и слично.

„Специфичен услов е задолжително носење на маска, инаку законска обврска за сите граѓани во „новата нормалност“ во Шпанија, се до пронаоѓање на вакцина, односно ефикасен третман. Непочитувањето се казнува со глоба до 100 евра. Во моментов е дозволен е авионски транзит за наши граѓани со максимално дозволено задржување на аеродромот од 24 часа, со генерална обврска следната дестинација да биде надвор од ЕУ/Шенген. Непочитување на ова правило, значи враќање на лицето во земјата од која пристигнало и добивање на печат за забрана за влез во Шпанија за одреден период“, се вели на веб-страницата на МНР.

Детали за останатите држави може да ги видите ТУКА.

 

Back to top button
Close