Се сменија закони, се занемари статиката – како енергетика ја презема барокната зграда на ЕСМ
Барокната зграда на ЕСМ, стана министерска. Поранешниот директор на ЕСМ Христијан Мицкоски, а сега премиер ја даде на новоформираното Министерство за енергетика. Наложил технички прием иако транспорт заклучи дека е со нарушена статика. За да се впише во катастар сегашната власт експресно го измени и законот.
Информацијата дека новиот состав на Собранието донесе измена на закон за катастар медиумите речиси не ја забележаа.
Истражувањето на РСЕ за навидум ситните законски промени ставени како последна точка на дневен ред на собраниската седница, и соединети со содржината на неколку одлуки на владата, откриваат каде државата ќе го вдоми енергетика.
Во барокната зграда која ја следат низа контроверзии, од кои последната е начинот на кој една зграда која до неодамна беше невидлива во катастарот поради низа пропусти, сега стана видлива и доби „легалност“.
Целиот текст на РСЕ