Се урна бетонска тераса од 11. кат во Белград


Во Нов Белград во текот на ноќта паднала бетонска тераса од 11.кат на зграда. Зградата се наоѓа на Булевар Михајло Пупин и е веднаш до улицата, до автобуската постојка. Преминот меѓу зградата и постојката е доста фреквентен, но за среќа нема повредени, пренесуваат српските медиуми.

На лице место се уште има шут од скршен бетон, а жителите од зградата се уште се во шок. Во станот во кој припаѓа урнатата тераса живеела сама повозрасна жена.

– Се урна оградата на терасата со жардиниерата. Се слушна голема детонација, а жителите на зградата беа преплашени. Веднаш повикавме инспекција, која излезе на терен и го огради просторот – соопшти управителот на згадата Душан Јањиќ за Republika.rs

Back to top button
Close