Се запали имотот на Џеј Зи и Бијонсе во Њу Орлеанс

– Пожар избувна во шпанско-барокната палата од 2,4 милиони долари во луксузната населба Гарденс во Њу Орлеанс, сопственост на познатата двојка Џеј Зи и Бијонсе.

Сведоци велат дека биле потребни 22 пожарникари и повеќе од два часа за да се спречи пожарот. Обемот на штетата сѐ уште не е одреден, но според очевидци, работите можеле да бидат многу полоши ако не била брзата реакција на пожарникарната служба.

Раперот Џеј Зи и ар-ен-би пејачката Бијонсе се еден од најпознатите парови на американската цет-сет сцена.

Back to top button
Close