Се зголемува бројот на жртвите од земјотресот во Авганистан – 1.150 жртви

Бројот на загинати луѓе во земјотресот регистриран во југоисточниот дел на Авганистан се искачи на 1.150, објавија денеска авганистанските медиуми.

При земјотресот најмалку 1.600 луѓе се повредени, а делумно или целосно уништени се околу 10.000 куќи.

Авганистанските власти денеска, два дена по големиот земјотрес, ја прекинаа потрагата по преживеаните.

Сè уште не е познато колку луѓе се под урнатините, поради што се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

На 22 јуни земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди авганистанската југоисточна покраина Пактика.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања процени дека загинале 770 луѓе.

Хуманитарните организации Црвен крст и Црвена полумесечина и Светската програма за храна испратија храна, шатори и вреќи за спиење до најзагрозените семејства во провинцијата Пактика.

Помош испратија испрати ја Пакистан, Иран и Катар, а најавија помош и Европска Унија, Тајван, Јужна Кореја, Кина, Германија, Норвешка и други држави.

Но голем број земји не сакаат да комуницираат со талибанската Влада и затоа помошта ќе биде испраќана преку агенциите на ОН.

Back to top button
Close