Седловски да поднесе оставка


Возрасни сме, секој одговара за своите постапки што ги прави, меѓутоа познавајќи го спортскиот дух на секој еден спортист, ако најавил прес-конференција, очекувам да излезе и да се извини на јавноста, рече Борко Ристовски, министер за спорт и млади, во денешната дебата во „Директно“ на ТВ Телма за тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

Седлоски е тренер на Вардар и селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Ова не е прв случај, ова не е изолиран случај, рече Борко Ристовски, министер за спорт и млади, во денешната дебата во „Директно“ на ТВ Телма за недоличните, навредливи и вулгарни песни при прославата на шампионската титула на фудбалерите на Вардар.

„Треба сите да реагираме, и како општество и како институции, сите ние кои сме директно или индиректно инволвирани. На крајот на денот, сите имаме одговорност, одговорност кон општеството, кон младите. Сите на некој начин сме пример како треба да се градиме и изгледа едно здраво општество, ако сакаме да има подобрување. Треба да се работи, да се разговара и најважно од се, да има желба за подобрување на состојбите во нашето општество, генерално, и состојбите во спортот кои, да речам, се провлекуваат со години“, смета Ристовски.

Според него, сите навивачки групи носат некакви несогласувања, меѓутоа, како што нагласи, тоа никако не смее да избега од границите на нормалното, како станува збор за раководни лица на клубот, репрезентативците, играчите, стручниот штаб, итн.

Back to top button
Close