Секоја нова американска помош за Украина ќе биде осудена на неуспех

Секоја нова американска помош за Украина ќе биде осудена на „фијаско“, соопшти Кремљ пред средбата на украинскиот и американскиот претседател Володимир Зеленски и Џозеф Бајден во САД.

„Десетици милијарди долари кои и беа вбризгувани во Украина не и помогнаа да успее на бојното поле“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека десетиците милијарди дополнителни долари што Украина би сакала да ги добие „ќе бидат осудени на истото фијаско“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден го покани својот украински колега Володимир Зеленски да дојде во Вашингтон денеска за да разговара за „итните потреби на Украина“.

Минатата недела американскиот Конгрес блокираше помош од над 106 милијарди долари за Украина и Израел.

Back to top button
Close