Семејство од Белград тешко повредено во сообраќајка на патот Битола- Прилеп

Семејство од Белград, Србија, е повредено во сообраќајка на патот Битола- Прилеп, односно сопружници и малолетно дете.

-На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(46) од Белград и патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки управувано од З.М.(48) од с. Свето Тодори, Општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С. и неговите сопатници К.С.(46) и 15 годишен малолетник двајцата од Белград, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека пак, другиот возач и неговиот сопатник М.В.(31) од Битола се здобиле со телесни повреди.

Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола, соопшти полицијата. Инаку ова е втора сообраќајка во последните дестина дена каде повредени се српски државјани на патот Битола-Прилеп, информираат од МВР

Back to top button
Close