Шарма: Мерките внимателно ќе се укинуваат, по препораките на експертите

Британската Влада мерките за карантин воведени поради пандемијата со новиот коронавирус внимателно ќе ги укинува во согласност со препораките на експертите, изјави британскиот министер за економија Алок Шарма.

Неговата изјава уследи откако тој беше критикуван од неколкумина истакнати епидемиолози,.

Шарма изјави дека се разликуваат научните ставови, но оти е клучно мислењето на Научната советодавна група за вонредни ситуации (САГЕ).

– Оваа група ја советува британската Влада и оценува дека мерките внимателно треба да се укинуваат, а тоа е она шти ние го правиме, истакна Шарма за Би-Би-Си.

Back to top button
Close