Шестгодишно дете од Гостивар почина на тренинг
Малолетно дете вчера почина на фудбалски тренинг. Првин му се слошило па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар без знаци на живот.На
..03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот. Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.