Шестгодишно девојче кое имало симптоми на настинка, починало во болницата во Битола

Девојчето, со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат блиски на семејството, тоа починало додека примало инфузија

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница, јавува „Независен“.

Девојчето, со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат блиски на семејството, тоа починало додека примало инфузија.

Девојчето беше примено вчера во 10 часот изутрина на Одделението за педијатрија. Во однос на здравствената состојба можам да кажам дека е донесено деходрирано, со отоци на очите и со нагони за повераќање. Тука поврати само еднаш, а според тоа што го кажа мајката, дома повраќало два пати, но неколку дена претходно било болно. Почина точно во 14.00 часот, по четири часа откако беше примено. Други детали не можам да соопштам бидејќи случајот веќе се истражува, рече директорот на болницата д-р Обедниковски за Фактор.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот  Обедниковски ја потврдил  изјавил дека во тек е обдукција за да се утврдат причините за смртта.

 

Back to top button
Close