Шилегов ги повикува неопределените: Решаваме и решивме децениски напластени проблеми во градот

– Во вториот изборен круг влегуваме изедначено – рече  Шилегов на денешната прва прес-конференција во кампањата за вториот круг од локалните избори.

– Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка на политиките што Скопје за 4 години целосно го променија –  додаде градоначалникот Шилегов.

– Реализиравме огромен број проекти во интерес на граѓаните, а решаваме и решивме децениски напластени проблеми во градот. Работевме за сите подеднакво и Скопје конечно стана град на сите граѓани, додаде Шилегов.

– Ги повикувам сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг масовно да излезат да гласаат. Јас сум убеден дека заради ова и заради поголемиот коалициски капацитет, во вториот круг ќе извојуваме голема победа, повика Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Back to top button
Close