Шилегов го победи невидливиот непријател – се излекува од ковид-19

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, нема повеќе коронавирус. Тој на социјалните мрежи соопшти дека вечерва го добил и вториот негативен резултат од тестот за ковид-19

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на ковид-19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната поддршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена. Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби. Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме“, порача Шилегов.

Тој на 20 јуни објави дека е позитивен на вирусот и дека има благо покачена температура, но се чувствува добро.

Back to top button
Close