Шокаровски: Незаконски сум разрешен

Марјан Шокаровски – разрешениот директор на Кардиохирургија вели дека тоа е направено незаконски. Според него, за фантомските пациенти на оваа клиника вели дека се работи само за софтверска грешка, направена поради несоодветност на системот кој го користат и неговото комуницирање со „Мој термин“, пишува Фокус.

– Моето разрешување е незаконски, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се разрешува, ниту да се назначува. Ги повикувам релевантните институции кои треба да се грижат за законитоста во оваа држава, итно да реагираат. Дополнително, министерот за здравство го разреши координаторот за развој на кардиоваскуларната хирургија при министерството Александра Ефтимова, истовремено ги разреши и го прекина договорот на координаторот за срцева трансплантација при министерството, Адријана Ѓеоргиев. Од тука се наметнува нашето прашање дали се работи за оркестриран напад против државната Кардиохирургија, а со тоа и напад врз јавното здравство. која е потребата на министерот во заминување да направи едно вакво тектонско пореметување на една успешна приказна. Кому тоа му одговара? – рече Шокаровски.

повеќе

Back to top button
Close