Шолц: Нема враќање на состојбата од пред рускиот напад врз Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од самитот на Групата седум најбогати демократии (Г7) изјави дека нема да има враќање на времето од пред нападот на Русија врз Украина, што доведе до долгорочни промени во меѓународните односи.

-Кога ситуацијата ќе се промени, мора да се смениме и ние, рече Шолц во изјава за една германска телевизија на крајот од вториот ден од самитот на Г7 што се одржува на Баварските Алпи, пренесуваат британските медиуми.

Шолц, кој е домаќин на самитот, рече дека лидерите на Г7 денеска имале конструктивни разговори со претставници на земјите во посета – Индија, Индонезија, Сенегал, Јужна Африка и Аргентина – кои ги нарече „демократии на иднината”.

-Добро е, важно и неопходно е да разговараме еден со друг. Со слушање се воспоставува меѓусебно разбирање и на тој начин ја олеснува нашата работа, рече то

Back to top button
Close