Шолц пристигна во Белград, на аеродромот го пречека Вучиќ
Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа пристигна во посета на Белград, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ, по пречекот на Шолц на Инстаграм напиша дека „утре е голем ден во кој ќе ја разгледаме иднината на Србија и отворањето нови можности за нашата земја и народ“.
Вучиќ претходно се сретна со Шолц на отворањето на четвртиот Самит на Европската политичка заедница во Лондон.
Тој најави дека денеска во Белград ќе има билатерална средба со Шолц и оти ќе разговараат и за европскиот пат на Србија, политичките односи, развојот на економијата, а со ЕУ ќе биде потпишан и меморандум за разбирање во врска со минерални суровини