Што ако немаме колективен имунитет после Омикрон?

Што ако “полесната” варијанта остави и “полесен” имунитет?

Што ако се појави нова варијанта која не реагира на имунитетот кој е изграден од претходните? Ова нешто веќе се случи на два пати кај нас со Алфа и со Делта.

Што ако САРС-КоВ-2, реши да се сокрие во животните и пак по некое време да не нападне, кога колективниот имунитет ќе биде слаб или со поминат рок?

Имаме многу нејаснотии во целава пандемија, но и во периодот кој ни следи. Кај нас слушајќи политичари, верувајќи во политичките “стручњаци” со добиени титули од партија или од мајка/татко, народот се поведе дека пандемијата е завршена.

Дали е тоа така и дали изумре доволно народ кој имаше предиспозиции за смрт од Ковид-19, тоа ќе видиме.

Секоја година ние старееме, секоја година добиваме нови хронично болни лица, секоја година се подебел ни е народов, ама кој сега за тоа да мисли..

 

Дури и кога Делта и Омикрон би исчезнале во 2022-ра, сметам дека добрите превентивни мерки, сепак ќе бидат се уште важни за народот како што ќе одминува годината, нашиот колективен имунитет секако се намалува со текот на времето, старее, венее..

 

Во ова меѓувреме, додека сме без јасна слика, државата и народот треба да ја имаат во предвид активноста на вирусот во нивната околина и што треба се да се направи за да се заштитат имунокомпромитираните, како и децата и другите кои не можат да ја примат вакцината. Со нив што правиме? Ќе чекаме? Тие немаат соодветна заштита, тоа да е јасно.

Вакцините секако немаат 100% успешност ниту во спречување на тешка болест Ковид-19, ниту во спречување на смрт од Ковид-19. Така да што и да правиме, би требало да продолжиме да мериме и проценуваме ризични ситуации во кои се изложуваме на можна зараза со вирусите.

 

Вакцината не е панацеа за пандемијата!

Вакцината е порозна заштитна мерка!

Вакцината не штити од заразување!

Вакцината е лична заштитна мерка! И сите да се вакцинираме, тоа нема да биде заштита за бабата во Свирипичино!

Поради ова, нема можност моменталните вакцини да донесат колективен имунитет!

Затоа и паролата вакцинирај се да ги заштитиме другите, не важи!

Таа треба да се промени веднаш во: Вакцинирај се, имај секогаш дополнителен слој на заштита!

Моменталните вакцините намалуваат хоспитализирани и смртни случаи Ковид-19!

(Види слика за појасно, проверете сами како е во оние земји со висока стапка на вакцинација).

Back to top button
Close