Штрајк на вработените во транспортниот сектор во Грција, бараат повисоки плати

Грчките работници во транспортниот сектор денеска стапија во штрајк за повисоки плати, па бродовите останаа закотвени во пристаништата, а железничкиот сообраќај беше во прекин.

Возачите на автобуси и таксистите се приклучија на прекинот на работата, така што многу патишта во центарот на Атина беа пренатрупани бидејќи работниците со сопствен превоз се движеа до работа, пренесува Ројтерс

Работниците се приклучија на еднодневниот штрајк на најголемиот грчки синдикат на приватниот сектор ГСЕЕ, кој вели дека платите во Грција продолжуваат да заостануваат зад оние во остатокот од Европа.

Грција овој месец ја зголеми минималната месечна бруто-плата за 6,4 отсто на 830 евра, што е четврто зголемување по ред во последните пет години. Работниците во Грција, сепак, тврдат дека зголемувањето на платите не е доволно за покривање на зголемените цени на храната и становите.

„Пораката е јасна. Работниците не можат да врзат крај со крај со многу ниски плати и зголемени цени“, се вели во соопштението на синдикатот ГСЕЕ, кој ги застапува интересите на околу 2,5 милиони работници во Грција.

Back to top button
Close