Шведската премиерка Андерсон вети поддршка за Киев и нови санкции кон Русија
Шведската премиерка Магдалена Андерсон вчера беше во посета на Киев и едно од неговите разурнати предградија од каде повика на засилување на европската поддршка за Украина и воведување нови санкции кон Русија, чија војска напредува на истокот од Украина.

-Не треба да дозволиме Русија да оствари напредок благодарение на кршењето на меѓународото право и другите основни принципи, рече Андерсон на заедничката прес конференција со украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Таа додаде дека најдобар начин да се добие војната е засилување на поддршката за Украина и зголемување на притисокот врз Русија преку нови саниции.
„Нашите напори треба да продолжат колку што ќе биде потребно“, рече таа, оценувајќи дека Украина ги брани заедничките европски вредности.
По посетата на разурнари места во предградие на Киев таа кажа дека ја осудува „безумната и свирепа руска агресија, убивањето цивили, меѓу кои има и многу деца.
Шведската премиерка кажа дека нејзината земја исто така ќе учесртвува во идната реконструкација на Украина.