Сиљановска за двете години: Мандатот ми е успешен, договорот од Преспа го потврди македонскиот јазик

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова сама ги пофали своите две години како шефица на државата, велејќи дека „нејзиниот мандат досега бил успешен“. Според неа тоа било особено во зајакнување на меѓународната видливост на државата, унапредување на интегритетот на претседателската функција и подобрување на директната комуникација со граѓаните.

Во интервју за Македонското радио таа рече дека „многу работи се придвижиле“ откако таа стапи на функцијата, посебно нагласувајќи дека нејзиното долгогодишно искуство во европските институции одиграло значајна улога и државата добила препознатливост во меѓународната политика.

Таа имаше пофални зборови за Преспанскиот договор, иако според неа бил спротивен на меѓународното и домашното право. Но, вели, тој денес е реалност. Според неа, договорот го потврдува постоењето на македонскиот народ, јазик и култура.

Повеќе

Back to top button
Close