Сијарто: Има членки на ЕУ кои јавно се залагаат за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, но во затворени кругови зборуваат поинаку
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска по средбата со Милорад Додик изјави дека Унгарија од 1 јули ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ.
Според Сијарто, ЕУ може да се добие нова свежина и енергија од Западен Балкан.

„Една од главните цели на унгарското претседателство е да се забрза интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан, бидејќи сметаме дека тоа ќе донесе мир и стабилност и во овој регион. Сите што го забавуваат евроинтегративниот процес на Западен Балкан одат против земјите од Западен Балкан и ЕУ, а има членки во ЕУ кои јавно го поддржуваат проширувањето и кога ќе се сретнеме во затворен круг, тие кажуваат нешто целосно различно“, рече тој.
Шефот на унгарската дипломатија повтори дека неговата земја е против политиката на санкции.






