Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил закана за бомба преку електронска пошта, соопшти денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Во објава на Фејсбук тој изјави дека француската полиција ги претресла просториите на амбасадата.

Заедно со заканата, испраќачот на мејлот испратил и слика од рачно изработена бомба, но полицијата не нашла таква направа, додаде Сијарто.

Според него, се верува дека мејлот дошол од соседна земја.

Шефот на унгарската дипломатија додаде дека и унгарската тајна служба го истражува случајот

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close