Сигурно повеќе од половина на преносот кој се случува е од асимптоматични

Општо земено, реинфекција значи дека едно лице било заразено (се разболело) еднаш, се опоравило, а потоа повторно се заразило. Врз основа на она што го знаеме од слични вируси и од неговата група, се очекуваат реинфекции и од САРС-КоВ-2.
Тековните студии за КОВИД-19 ќе ни помогнат да разбереме:
-Колку е веројатна реинфекцијата
-Колку честа е реинфекцијата
-Колку брзо по првата инфекција може да се случи реинфекција
-Колку се сериозни случаите од реинфекција
-Кој може да има поголем ризик за реинфекција
-Што значи реинфекција за имунитетот на една личност
-Дали некое лице може да го шири КОВИД-19 на други луѓе кога повторно се инфицира
Ние уште учиме за овој вирус.Во меѓу време, без разлика дали сте имале КОВИД-19 или не, најдобриот начин да спречите инфекција е да преземете чекори за да се заштитите:
Носете хигиенска маска надвор, Н95 во затворен јавен простор и при транспорт со други лица.
Останете најмалку 2 метри подалеку од другите луѓе.
Миј ги рацете почесто.
Избегнувајте допири по лицето.
Избегнувајте гужви и ограничени простори.
Остани дома ако не ти е добро и побарај лекарска помош.
Имајте на ум дека секој е можно заразен. Асимптоматични преносители се многу лица во моментов. Немам точна бројка, но варијациите по достапна литература се од 18-80%
Најточен начин да се одреди стапката на асимптоматски случаи е да се тестираат луѓето без оглед дали имаат или немаат симптоми – пристап наречен универзално масовно тестирање – и да се следат со текот на времето за да се види дали подоцна ќе развијат симптоми. Неодамнешната кампања за масовно тестирање во Сан Франциско откри дека 53% од заразените пациенти биле асимптоматски при првото тестирање и 42% од нив останале асимптоматски во текот на следните две недели.
Како можат асимптоматски луѓе да го шират коронавирусот?
Во споредба со повеќето други вирусни инфекции, САРС-КоВ-2 произведува невообичаено високо ниво на вирусни честички во горниот респираторен тракт – поточно носот и устата. Тие вирусни честички бегаат во околината со нашето исфрлање на воздух преку зборување, викање, пеење, дишење, кашлање, кивање, плукање.
Согласно податоците сигурно повеќе од половина на преносот кој се случува е од асимптоматични, нешто кое кај луѓето тешко се контролира бидејќи луѓето веруваат дека само човек со симптоми е заразен за другите. За да се промени сликата, потребна е здравствена едукација и примена на научни докази во превенцијата

Back to top button
Close