Сирски: Русија почна нова офанзива во североисточна Украина

Началникот на Генералштабот на украинската армија, генерал Олександар Сирски денеска изјави дека Русија почнала нова офанзива во североисточниот дел на Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави Русија подготвува офанзива против двата региони Харков и Суми.

– Можам да кажам дека претседателот е апсолутно во право и оваа офанзива всушност веќе почна. Речиси една недела има речиси двојно зголемување на бројот на напади на руските трупи на сите главни правци (на линијата на фронтот), истакна Сирски

Москва е блиску до целосно истиснување на украинските сили од нивното упориште во регионот Курск, кој го држат од минатиот август и се наоѓа преку границата со Сумиската област

Back to top button
Close