Скандал: Чувари од штипскиот затвор сликани во Банско со криминалци барани со меѓународни потерници

Фотографијата објавена на Инстаграм стори е направена во Македонска крчма во Банско. На неа се Александар Пандов кој е директор на управа за санкции, како и Сафет Али и Димитар Ташков кои се командири на интервентниот вод КПД Штип.
Освен вработените во штипскиот затвор, на фотографијата присутни се и Никола Митревски-Кољо којшто нема пасош и е на прекин на затворска казна, Симеон Миксалиев-Мончо којшто треба да отслужува 20-годишна затворска казна за Детонатор, како и Љупчо Пецов-Ѓавол којшто е осуден за аферата Керозин и баран за кривичното дело Синџир.

Back to top button
Close