Скопјанец поради недоразбирање во сообраќајот, се степал со возач и бил агресивен кон полицајци
Денеска (13.02.2025) во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Н.(42) од Скопје, затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.П.(25) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.