Слаб земјотрес регистриран во околината на Задар
Слаб земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во околината на хрватскиот град Задар.
Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица.
Нема информации за евентуално повредени лица и причинета материјална штета.