Славески до приватните превозници: Не потпаѓајте на подбуцнувања. Арсовска е непредвидлива, ќе ве остави без леб
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска побара од градоначалничката Данела Арсовска да сноси одговорност за, како што рече, диверзијата во јавниот градски превоз.
Тој ја обвини Арсовска дека „ги подбуцнува приватните превозници да прават проблеми во градскиот превоз“.
Тој рече дела зборовите на Арсовска „охрабри се Трајко“ се манипулација и упати порака до приватните превозници
„Таа е непредвидлива жена и може да ви го направи истото што го направи со вашите претходници од пред две години. Може да ви ги укине лиценците и да ве остави без леб“ порача Славески.
Доколку состојбата ескалира и приватниците излезат да блокираат улици, во случај на кризна состојба како што е сега прогласена, Славески порача дека се носат булдожери и се расчистуваат улиците.
„Како може некој да блокира? Не може некој да блокира улици во кризна состојба. Не може некој да си поигрува со граѓаните и нивната можност да стигнат до работното место или училиште, кога станува збор за една ваква витална дејност. Ако Владата прогласила кризна состојба, должна е да ги искористи сите инструменти и мерки за непречено одвивање на сообраќајот. Може да го реши проблемот. Јас не сум Влада. Прашајте ја Владата (дали ќе дозволи блокади), додаде Славески.
Од денеска не возат приватните превозници, возат само автобусите на ЈСП. Тие најавија дека од понеделник може да блокираат улици низ Скопје доколку до крајот на неделава нема разговор со надлежните градски служби, во врска со нивните барања