Славески и порача на Арсовска дека е на потег по барањето на приватните превозници!
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, и градоначалничката Данела Арсовска продолжуваат со препукувања во врска со барањето на приватните превозници за зголемување на цената на услугите.
Попладнево, Славески на својот профил на Х изјави дека барањето е поднесено преку член на Советот, но нагласи дека на потег е градоначалничката Арсовска
Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги. На потег е градоначалникот Арсовска“, вели Славески.
На ова, Арсовска одговори дека, иако Славески никогаш не презел храброст сам да донесе одлука, сега го охрабрува да ја стави точката на дневен ред и да ја разгледа со советниците.
Таа истакна дека е подготвена да го поддржи процесот ако Советот ја прифати одлуката за зголемување на цените за приватните превозници.
„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не. Биди храбар Трајко!“, вели Арсовска.