Словенечки дипломат е назначен за главен советник за помирување на Западен Балкан

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија.

Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со перспектива за членство во исполнувањето на критериумите за пристапување.

Маковец до неодамна беше шеф на кабинетот на еврокомесарката за проширување Марта Кос, а претходно беше директор во Европската служба за надворешно дејствување, каде што беше задолжен за Западен Балкан, Турција, земјите од Европската економска област и за односите со Обединетото Кралство по Брегзит.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close