Словенечките новинари протестираа против измени во закони за медиуми
– Стотици словенечки новинари, медиумски работници и активисти протестираа пред словенечкиот Парламент против измените во законите за кои медиумите тврдат дека Владата има намера да ги донесе под своја политичка контрола.
Јавноста и новинарските кругови неодамна го критикуваа прелогот на Владата за изменување на три закони од областа на јавните медиуми и политиката на медиуми по итна постапка, по многу краток рок за јавна расправа.
Според нив, во државната телевизија и новинската агенција СТА, кои се основани од државата и примаат државни субвенции, повеќето членови на одборите би ги назначувала Владата наместо Парламентот, а директорите би можеле да бидат отстранети пред истекот на нивниот мандат.
Здружението на словенечки новинари, нивната унија, но и неколку меѓународни здруженија на новинари сметаат дека е тоа е лошо за независноста на јавните медиуми и нивниот бизнис затоа што јавната РТВ би добила значително помалку пари отколку порано, а субвенциите би биле насочени кон медиумите поблиски до владата.
Опозициските партии изразија солидарност со барањата за продолжување на рокот за јавна расправа, а Владата потврди дека крајниот рок ќе биде продолжен за три месеци, до средината на септември. зш/