Словенечките пратеници со нов етички кодекс се обврзаа на одговорност, достоинсто и грижа за животната средина

Словенечкото Собрание речиси едногласно го изгласа новиот етички кодекс со кој пратениците се обврзаа на одговорно и достоинствено работење, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според изгласаниот документи, пратениците мора да се држат до пет воспоставени принципи, односно углед и интегритет, лојалност, чесност, одговорност, достоинство и грижа за животната средина.

-Тоа е збир на принципи и правила на кои пратениците мора да се придржуваат со цел да се зајакне угледот на Националното собрание, неговиот интегритет и доверба во сопствената работа “, објасни на прес-конференција минатата недела првиот човек на работната група за подготовка на етиката. Игор Зоршиќ, претседател на Националното собрание, потсети дека имало многу иницијативи во Словенија за усвојување кодекс за пратеници, но тоа не се случило досега.

Зорчиќ ги повика пратениците да го почитуваат етичкиот кодекс и да помогнат во развојот и демократизацијата на Собранието.

За ваквиот кодекс гласаа сите парламентарни партии од власта и опозицијата, со исклучок на пратениците на Левица кои беа воздржани.

Back to top button
Close