Словенија се залага ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до 2030 година  

Непосредно пред Самитот на европските лидери закажан за следната недела, на кој треба да се разговара за проширувањето на ЕУ, Словенија која е актуелен претседавач врши притисок врз Унијата да го прими целиот Западен Балкан до 2030, објави реномираниот весник „Фајненшл тајмс“.

Во  анализата се вели дека во Унијата постои поделеност околу потребата за ширење и брзината со која треба да се примаат земјите, па ваквиот предлог кој Словенците го дале во петокот на амбасадорскиот состанок во Брисел ги изненадил другите земји-членки, пишува „Фајненшл тајмс“.

-Предлогот за брз прием на земјите, меѓу кои е и Македонија, го дале пред три дена на состанокот на амбасадорите во Брисел и наишол на вџашеност кај другите земји-членки на Унијата. Некои го опишаа предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот., пишува Фајненшл тајмс.

Предлогот на Словенија, доаѓа во време кога во унијата се дебатира дали во заклучоците од самитот во среда воопшто да стои зборот „проширување“, а камо ли да се дадат некакви ветувања.. Сепак, премиерот Заев, очекува јасни сигнали и недвосмислени пораки дека процесот е жив..

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, министерот за надворешни работи Османи од утре почнува дипломатска офанзива во Германија каде ќе се сретне со неговиот германски колега Хајко Мас, и со државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот. Во наредните денови Османи ќе ја посети и Полска, а турнејата ќе ја заокружи со учество на ЕУ Самитот.

 

Back to top button
Close