Смртна казна за 10, доживотен затвор за 50 лица во Египет

Судот во Египет осуди 10 лица на смртна казна, а повеќе од 50 на доживотен затвор, под обвинение за поддршка или извршување напади врз безбедносните сили и саботажа на државната инфраструктура.

Британските медиуми јавуваат дека египетското Обвинителство ги поврзало нападите што се случија во Каиро меѓу 2013 и 2015 година со движењето Муслиманско братство, кое сега е забрането во земјата.

Судот испрати барање до египетската врховна власт, Големиот муфтија, да ја одобри егзекуцијата во јануари.

Амнести интернешенел соопшти дека масовното судење, во кое учествуваа повеќе од 200 обвинети, е крајно нефер и повика на укинување на казните.

Муслиманското братство неколкупати победи на изборите во Египет, вклучително и на оние кога нивниот кандидат Мохамед Морси победи на претседателските избори. Една година подоцна, по масовните демонстрации, тој беше соборен со воен удар и ставен во домашен притвор.

Движењето потоа беше забрането во Египет и прогласено за терористичка организација.

Back to top button
Close