Снимател од МРТ вечерва починa од коронавирус

Снимател кој работел во студиото на Македонската радио телевизија вечерва починал откако претходно бил неколку недели во болница со потврден тест на коронавирус, потврдија за ТВ 21   од МРТ 2, програма на албански јазик.

Починатиот е  долгогодишен снимател во албанската редакција на Македонската радио телевизија, Шенол Ахмети. Неговите колеги на социјалните мрежи се збогуваат од човекот кој својата кариера ја посвети на МРТВ, каде што работеше повеќе од 20 години.

„Вечева и ние изгубивме еден колега, еден член од нашето семејство“, велат од МРТ.

Ахмети се заразил од Ковид-19 во последнава недела, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респиратор. Вечерва тој ја загубил битката со коронавирусот. Ахмети имаше 51 година, а неговите колега велат дека претходно немал сериозни здравствени проблеми. Тој е вториот медиумски работник кој почина како последица на коронавирусот. Пред точно еден месец, 44-годишниот Беким Бајрамоски, вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа почина од Ковид-19.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close