Со американските системи укранците уништиле 50 руски складишта

Украина денеска соопшти дека нејзините сили користеле ракетни системи ХИМАРС, испорачани од САД, за да уништат 50 руски складишта за муниција откако го добиле оружјето минатиот месец.

Министерот за одбрана Олексеј Резников го истакна растечкото влијание што го имаат артилериските ракетни системи со висока мобилност (ХИМАРС) во напорите на Украина да ги одбие руските напади.

„Ова ги прекинува нивните (руски) логистички синџири и им ја одзема способноста активно да се борат и да ги опсипуваат нашите вооружени сили со тешко гранатирање“, рече Резников.

Тој додаде дека членовите на украинската артилерија извршиле „прецизни“ напади на неколку мостови.

Резников не откри детали, но се вели дека станува збор за три речни премини во областа Херсон, окупирана од Русија, за кои локалните окупациски власти велат дека биле нападнати од ХИМАРС минатата недела.

Русија, пак, вели дека уништила неколку системи ХИМАРС, иако Украина тоа го негира.

Back to top button
Close