Сојузот на средношколци ќе се се приклучи на протестот за проблемот со јавниот превоз во Скопје
Сојузот Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија соопшти дека активно ќе се приклучи во поддршка на протестот кој ќе се одржи попладнево за состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во Скопје.
Во допис до медиумите Сојузот нагласува дека бараат решение за проблемот кој е „горлив и сериозен“ затоа што „особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко“.
-Протестот ќе почне 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици, истакнува Сојузот.
Во дописот додава и дека „останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека нашите гласови ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот