Сообраќајна несреќа кај „Врановски Анови“ – тешко повреден пешак

Во сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај 2026 година околу 18:50 часот на регионалниот пат село Извор – Општина Чашка, тешко е повреден пешак, соопшти МВР.
Несреќата се случила во близина на местото викано „Врановски Анови“, кога патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н. (26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ. (57) од Велес.
Повредениот прво бил пренесен во Општата болница во Велес, по што бил упатен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
По насока на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа на СВР Велес.
Извор: skopje1.mk






