Сопствениците на тераси со најдобар поглед на оџакот на Систинската капела заработуваат од конклавата 500 евра дневно
„Кориере дела Сера“ објави дека 5.300 новинари се акредитирани да го следат изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква по смртта на папата Франциск.
Телевизиските станици ширум светот имаат директни преноси од Ватикан, а балконите на зградите на улицата Павле Шести се најдобро позиционирани за ова.
„Кориере дела Сера“ објави дека овие балкони сега се изнајмуваат за 500 евра на ден