Совети: Солта го отстранува мирисот на кромид од рацете

Солта е разновиден зачин што може да се користи и за чистење разни површини во вашиот дом. Следат неколку совети околу солта и секојдневните проблеми…

Солта спречува гниење на јаболката

Едноставното миење јаболко во солена вода ќе го забави неговото гниење. Во еден сад се меша една чаша ладна вода и половина лажица сол. Ставете ги јаболката и оставете ги 10 минути. Потоа добро спакувајте ги. Пред употреба, тие се мијат со обична вода и повторно ќе имаат свеж вкус.

Го лади пијалакот

Овој трик помага при организирање забави. За да ги зачувате пијалаците ладни, додајте мраз и сол во садот во којшто се ладат. По само 10 минути, вашите напитоци ќе бидат подготвени за освежување.

Ја чисти даската за сечкање

За да се ослободите од непријатните мириси од даската за сечкање храна, исчистете ја со сол. „Средството“ се става на даската и лесно се трие со влажна крпа. Потоа таа се плакне со топла вода и малку средство за садови.

Ослободете се од мирисот на кромид од рацете

Измијте ги рацете и истријте ги со мешавина од сол и сок од лимон. Потоа измијте ги повторно со сапун и ќе се ослободите од непријатните мириси.

Вратете го сјајот на стаклото

Ако имате стаклена вазна, кафемат или некоја чаша што го загубила својот сјај, солта го враќа нивниот првичен изглед. Неколку лажици сол се мешаат со две лажици оцет, додека не се добие погуста смеса. Тоа се нанесува на стаклениот сад и треба да отстои 20 минути. Потоа се четка и се плакне со топла вода

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close