Совети за патувања со бебе во возилото

Патувањето со бебе понекогаш изгледа како потежок предизвик, но за среќа, тука се малите трикови коишто ќе помогнат сѐ да мине со што помалку стрес.

Ако е можно, испланирајте го возењето така што тоа ќе се совпадне со времето кога бебето вообичаено спие. На овој начин ќе ја избегнете вознемиреноста и „лошото расположение“ на сите во возилото. Важно е да се обидете со слична рутина на одмор како кога сте дома. Можеби бебето спие два часа во своето креветче, но тоа време ќе биде пократко при патувањето.

Детето треба да се чувствува удобно, па затоа се препорачуваат неколку ќебиња во автомобилот и задолжително благо затемнување на просторот во возилото. Ако бебето има повеќе од шест месеци, веројатно ќе треба да имате при рака и торба со неколку нови играчки.

Сè тоа е занимливо, особено ако е ново, и малечкото ќе биде мотивирано да истражува… А, тоа најчесто значи и подолг мир во возилото.

Доколку, пак, одите на релативно подолго патување, треба да има и повеќе оброци и закуски. На бебињата постари од шест месеци треба да им се дава храна која нема да создаде премногу неред во автомобилот, како банани и слично.

Малечкото не треба да седи во бебешкото седиште повеќе од два часа, па затоа паузите се и повеќе од препорачливи, исто како и повременото лежење на автомобилското седиште. 

Back to top button
Close