Спасени двајца велосипедисти кои залутале кај скопското село Кожле


Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле.

Денеска во попладневните часови на телефонскиот број за итни повици 112 добиена е информација во врска со изгубени лица кои со велосипеди се упатиле кон селото Кожле, соопшти Центарот за управување со кризи.

-Барајќи ја црквата, тие стигнале до некоја голема карпа, која го спречила нивното движење, па почнале да се спуштаат по некој дол. Притоа беше напоменато дека се дехидрирани, но и дека оствариле контакт со полицијата, која е во потрага по нив, велат од ЦУК.

Во 16.00 часот лицата се пронајдени и со возило се однесени до најблиското населено место, а екипа на Брза помош им ја укажа потребната помош поради дехидрираност, се додава во соопштението од ЦУК.

Back to top button
Close