„Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, вели Лефков

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги прифати уставните измени под условите на Бугарија со цел повторно да дојде на власт.

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче е спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, изјави Лефков.

Тој оцени дека програмата на Филипче не ја добива поддршката што ја очекува, поради што, како што рече, се впушта во „романса со Бугарија“ за да им се допадне на граѓаните.

Според Лефков, повеќе од 80 проценти од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифатат без јасни гаранции за европската иднина на државата. И покрај тоа, тврди тој, Филипче и раководството на СДС би ги прифатиле бугарските барања.

Лефков порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси и да ја следи волјата на граѓаните, нагласувајќи дека владејачката коалиција ја има нивната силна поддршка.

Обвинувањата изнесени од Лефков претставуваат политички ставови на ВМРО-ДПМНЕ, додека од СДСМ засега нема реакција на овие наводи.

Back to top button
Close