Според српската полицијата, на денешните протести во Белград имало околу 107.000

Стотици илјади граѓани се собраа на студентските протести во Белград кои официјално почнаа во 16 часот. Колони луѓе се собрани пред Народното собрание , но и пред плоштадот Славија, каде на поставена бина се обратија десетина студенти кои испратија емотивни пораки со надеж за промени.

Тие порачаа дека долго време молчеле за сите неправди и ги повикаа сите граѓани да им се придружат на барањата за подобра иднина.

-Се случуваат сериозни промени, ќе изградиме систем. Наместо хаос, избираме мудрост, не сакаме да уништуваме туку да градиме – порача студентка.

Протестите, како што пренесуваат српските медиуми засега се генерално мирни и без посериозни инциденти. Според проценките на српската полицијата, на денешните протести на сите локации во Белград, бројот на учесници бил околу 107.000, од ​​кои најголем број се од внатрешноста.

-Досега нема поголеми инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир, уште еднаш апел до сите учесници на протестот да го зачуваат мирот и достоинството на нашата држава во наредните часови, во духот на граѓанската одговорност и почитување на законите – апелира српската полиција

Back to top button
Close