Според Топ ченл – Рама ќе има 71 пратеник а Баша 63

Еди Рама и неговата Социјалистичката партија се победници на денешните парламентарни избори во Албанија, покажаа излезните анкети на албанската телевизија „Топ ченл“.
Албанскиот парламент брои 140 членови а според анкетите, Социјалистите освоиле 46,9% или 71 пратеник додека опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша, освоиле 43,5% од гласовите, односно 63 мандати.
Социјалистичкото движење за интеграција освоило 6,9 отсто што ќе му донесе 6 места во парламентот.
Се уште се очекуваат официјалните резултати од изборниот ден.






